За фукара народ само „од трите подугачкото“

агим јонуз

Честопати ме критикуваат зашто му се обраќам генерално на народот а во колумнте не прецизирам конкретни имиња, презимиња и зашто сето тоа испаѓа „округло па на ќоше“. Одговорот е едноставен. Ако некој не го разбуди народот, ако  остане сè на овие у политиката, агонијата на нашата стварност ке прејде во хроничен хемороид кој можеш да го мачкаш со што сакаш, он ќе те чеша, пече, и цело време ќе имаш чувство дека нешто имаш во газот. Па ти можеш да се смееш на улица колку сакаш , ама, „ауспухот“ ќе те потсеќа дека си „офсајд“.

Долг увод бе! Ај почни со озбилни работи глупак.

Е,.. к*р мој со озбилни работи. Кои озбилни работи? Да се бавевме сериозно, „озбилно со озбилни работи“, ќе бевме озбилна држава. Ова на озбилна држава ти личи?!  Ај не ми отварај уста молим ти се. Народот толку се навикна на поентата дека „сит гладном не верује“, па почна више и да не се буни. Си вика, „џабе ке лајам“. Море цркни ако така размишљаш бе стоко. Трулоста на нашето секојдневје отиде у екстрема. Не остана барем еден сегмент од општествениот апарат на кого народот му верува. И пак – СИ ЌУТИ! Море ј*би се бре будало, не заслужуваш ношто боље. На што се должи таа летаргија, таа безживотнст да се смени нешто и како  во секоја демократија народот да ја контролира политиката, а не таа него.

Безживотноста се должи на менталитетот кој е незрел за држава. Овој народ се уште е „Цацко“ кој ја држи кубурата на појас за „лоши времиња“, додека му прават Камасутра.

Ајде вака. Има една турска поговорка која вели “fukara insan yuz sene zengin olamaz” што во превод значи „сиромав човек сто години не може да биде богат“.  Значи, ако треба да ви цртам дека тука не се работи за пари, тогаш престанете да ја читате колумнава. Тука се работи за сосема поинаква димензија на богатство. За да ја отсликам најубаво мислата, ке поставам прашање:

До кога ке бидеме држава која личи на „БАЦИ“ кој купил најнов Мерцедес, извадил рака да му се види златниот саат, додека во позадина свира „Едерлези“?  ( простете браќа Роми, ова е метафора која треба да го одслика филмот „Дом за бесење“ од Кустурица).

Станавме држава на „Перхани“ („Дом за бесење“) во која младите доктори на науки, постдипломци, психолози, доктори, правници, економисти, .. отидоа по свет да перат чаши по барови, „лиги“  на некој мајмун што сркал пиво после трета смена у фабрика! А знаеш која е разликата во „филингот“? Тој таму за парите што мие чаши се осеќа подостоинствено отколку овде, затоа што државата му вели „го почитувам тоа што переш чаши, те наградувам и штитам“! Станавме нација која (фигуративно) произведува генерации на „чергари“ кои имаат само една цел, а тоа е да најдат нова, поубава полјана за да си стават шатор, „кров над глава“!

„КРЕШЕНДОТО“ на ситуацијата и „све сам ти реко‘“ поентата е тоа што родителите им велат на младите „ако е подобро таму земи ме и мене“! Барем деца ке ти чувам.

Кога Софокле како трагичар би пишувал денес, Антигона би му била последна идеја за пишување. Гарант би се фокусирал на процеси и драми од секојдневието во кои „Јернеј и неговото право“ ( Иван Цанкар) би биле сценарио за драма која би конкурирала за Оскар. И сето тоа инспирирано од поднебјето на „ни поубава земја, ни поглуп народ“ по „Македонијава ни вечна“.

АУУУУУУУ,…. АМА ГО ИСТУПИ СО МЕЛАНХОЛИЈА! ДАЈ РЕШЕЊЕ БЕ! А НЕ МРЧЕЊЕ!… ВОЛ!

Со ваква поставеност уште долго нема да има решение. Додека двата политички „калифати“  не добијат сериозна „народска“ конкуренција олицетворена во некаков нов „Лех Валенса“ ( метафора). Додека сите оние кои започнуваа некоја „трета опција“ не се вратат на започнатото а престанатото, продадено за ситна услуга, за три пива, за вработување у „Комуналец“, за протекција на упис на факултет, за 2% од ќарот, за „тука сме ние ако треба нешто“…

Но! Исто и за „ај пробај ако смееш“, „седи мадро да не носиш модро“, „ти си бил умен бе, хм!“…

ООООО! Па ти повикуваш на револуцја бе!!! Опааа! У апсаана одма за „рушење поредок“!

Ма дај бе не сери! Кој црни поредок, која револуција. Со кого ке ја правиш? Со компактен народ? Со барем 2/3 –ни истомисленици? Со реални патриоти што немаат по 3 пасоша за да бегаат? Со храбри луѓе кои велат „доста е Цацко“? А бе, .. до кога ке се држиш до „има и бетер“! Мрш бре у пизду материну!!!

ДЕЧКО, ПРЕТЕРА ВО КОЛУМНАВА! МРЧИШ А НЕ ДАВАШ ПОЕНТА!!! ( што пиеш за ова „дечко“)

Поентата е проста! Народ ( ДЕМОС) кој „сто години не може богат да биде“ сепак не е без ќар. Добива „утешна награда“ која се вика – „од трите подугачкото“. А „ич“? Вака барем, и тие што ти го дале знаат дека си задоволен со тоа, барем ке имаш со што да се занимаваш.

ЕТЕ ТИ ЈА ПОЕНТАТА БЕ АЈВАН!!!

НАРОД ШТО СЕ ЗАНИМАВА СО ДРЖАВА И ПОЛИТИКА, А НЕ ЈА ГРАДИ И КРЕИРА… ( продолжи сам со дефинирање, па после 10 утнати дефиниции и резимеа ке дојдеш до главната која вели „за фукара народ само од трите подугачкото“!)

П.С.

Подобро е понекогаш братот да ти каже дека „ти течат мрсули, избиши ги“ отколку некој на улица, од братот ке те заболи за момент и ке замолчиш. На улица боли поише. Брат си е брат!

А,… НИЕ СИТЕ СМЕ БРАЌА,.. бар ја така сеуште наивно мислам.

АКО!,.. така сум скроен. Ј‘би га!

Нека цркнам барем во позитивна надеж дека ова сево е само „транзиција“, а не искон!

Толку за две пива !!! ( мезе јок)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот