фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI

За едни шахот е расистички, според Карпов ова е „период на тотално лудило“!

Џон Адамс, економист кој пред пет години ја претставуваше шаховската федерација на Австралија во текот на минатата седмица бил контактиран од радиостаницата на Австралиската радиодифузна корпорација во Сиднеј за да даде коментар на прашањето околу расните контроверзии во шахот, бидејќи белите фигури секогаш се први на потег.

Само што добив телефонски повик од продуцент на АБЦ Сиднеј, барајќи коментар за играта на шахот! АБЦ сметаше дека шахот е расистички со оглед на тоа што белите секогаш започнуваат први – напиша Адамс на Твитер по што предизвика лавина коментари.

Еден од најпознатите шахисти во светот, Анатолиј Карпов имаше коментар околу дебатата за расизмот во играта, дефинирајќи ја како „период на тотално лудило“, што нема никаква поврзаност со шахот.

И поранешниот светски шампион, Гари Каспаров имаше свој коментар и реагираше до АБЦ:

Доколку сте загрижени дека шаховската игра е расистичка, ве мoлaм играјте „Го“, каде што црните фигури први се движат, наместо да изгледате глупаво со тоа што ќе потрошите пари на даночните обврзници на државен радиодифузер за да гo „истражите“! – напиша Каспаров.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот