За девет години скопската ЗОО остана без три жирафи, угина и Каспер

Фото: Зоолошка градина

Утрово во скопската Зоолошка градина угина жирафата Каспер, која според надлежните во градината подолг период не била во добра здравствена состојба. Во тек е обдукција со која треба да се утврдат причините за нејзината смрт.

За девет години ова е трета жирафи која угина во Зооолошка градина. Во 2014 година од воспаление на цревата предизвикано од бактеријата ешерихија коли, умре три и полгодишната Орка, две години откако беше донесена во ЗОО. Претходно во градината беа донесени уште три жирафи. Во 2021 година ненадејно пцовиса едната од нив, Тобаго, а како што беше официјално кажано, срцев удар бил причина за смртта. Тобаго беше роден во Германија во 2010, а жител на скопската ЗОО беше осум години.

Скршени се срцата на сите вработени, бидејќи Каспер беше наш омилен. Јавно ќе биде соопштено што е причината за смртта, откако ќе ги добиеме официјалните резултати од обдукцијата која беше извршена утрово од страна на Ветеринарниот факултет.Никогаш заборавен и непреболен, наш Каспер, трчај на небесната савана – објавија од Зоолошката градина.

Сега во градината остана уште Флопи, која е единствената жирафа на која посетителите можеа да и се радуваат во изминатите месеци.

Инаку, животниот век на жирафите е околу 25 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот