За автобуската несреќа во Венеција подигната истрага против тројца осомничени

Венеција автобуска несреќа / Фото EPA-EFE/SIMONE VENEZIA

Обвинителството во Венеција подигна истрага за три лица за минатонеделната автобуска несреќа во градот Местре, во која загинаа 21 лице, објави денеска локалниот весник „Ил Газетино“.

Станува збор за извршниот директор на автобуската компанија Ла Лине и двајца функционери на градот Венеција – управител на секторот за сообраќај и мобилност за внатрешното подрачје на градот и раководител на одделението за одржување на патиштата.

Тие наводно ќе одговараат за убиство со возило, повеќекратно убиство, нанесување тешки или многу тешки повреди на пат и телесни повреди.

21 лице загина, а околу 20 се повредени откако автобус со туристи излетал од надвозник во близина на Венеција во северна Италија и се запалил.

Во несреќата загинаа една Хрватка, девет Украинци, четворица Романки, тројца Германци, двајца Португалци и Италијанец, возачот на автобусот.

Причините за несреќата не се јасни. Една хипотеза е дека возачот погрешил, но имало и сомнежи за состојбата на надвозникот, особено заштитните шини, наведува Анса.

ВИДЕО | Трагедија кај Венеција: Најмалку 20 загинати во автобус кој паднал од мост

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот