Вучиќ од Тирана: За санкциите против Русија ќе го прашам народот, владата, парламентот, а малку и јас ќе се прашам

Фото: Profimedia

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на прес конференција во Тирана изјави дека на Самитот ЕУ-Западен Балкан најмногу се зборувало за енергетиката и за воведување санкции против Русија, а Србија е единствената земја во регионот која ги нема воведено.

Во официјалната декларација на Самитот се најде и таа точка, а Вучиќ рече дека не е природно Србија да учествува во таа политика поради штетата што ќе ја претрпи од нејзиното воведување.

„Реков дека имаме свој став, но дека добро ја разбравме пораката на ЕУ, многу добро јас ја разбрав и преку дискусијата на осум или девет претставници на ЕУ денес“, рече тој, додавајќи дека директно одговарал на прашањата на претставниците на ЕУ и оти за тоа тие не одлучуваат.

„Ќе ги прашам луѓето во Србија, парламентот во Србија и владата на Србија, а помалку ќе се прашам и јас“, рече тој.

На прашањето дали стои зад усвоената декларација од Самитот, Вучиќ одговори дека „не може ниту да седи ниту да стои зад декларацијата бидејќи не ја напишал”.

„Но, немам против да ги напишат фактите дека ние не воведовме санкции. Можам да се налутам кога ќе кажат нешто за Косово и Метохија што не е факт, но сакал или не, тоа е факт. Што јас одговорив, не можам да детализирам, но реков дека овој однос кон санкциите е однос кон нас Србите“, рече тој.

Тој додаде дека не може да каже дека е 100 отсто за или 100 отсто против предлогот на Франција, Германија и ЕУ за нормализација на односите со Косово.

„Нема сомнеж дека ќе треба да работиме многу напорно во иднина за да постигнеме компромис. Вистинскиот проблем не е кога ќе се сретнеме со Курти, бидејќи ќе се сретнеме секогаш кога ЕУ ќе предложи, вистинскиот проблем е каква може да биде содржината компромисното решение, рече Вучиќ

Тој порача дека верува оти специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, ќе одигра важна улога во смирувањето на тензиите на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот