Вучиќ му направи чест на Ѓорге Иванов, одржа предавање на неговата Школа за млади лидери

Вучиќ-Иванов, Школа за млади лидери
Вучиќ држи гостинско предавање на Школата за млади лидери на Иванов / 14 ноември 2021 / фото: Фејсбук

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска одржал гостинско предавање на Дванаесеттата Школа за млади лидери на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов. Генералната тема на Школата која се одржува неколку дена е „Лидерство во акција“, а Вучиќ во онлајн гостување споделил искуства и примери од неговото политичко и државничко искуство.

„Тој укажа дека денес е најзначајно да се прифатат промените кои се случуваат на генерално ниво и да се најде начин како да се адаптираме, како да се прилагодиме најсоодветно на истите. Особено за идните лидери, кои би требало да работат во такви услови, на брзи и огромни промени, не само во политиката, туку и во економијата, односно во скоро сите области. Прашањето кое им го постави на учесниците на почетокот на предавањето беше што можат да преземат и што може да направат оние кои се на високи и одговорни функции денес и оние кои ќе бидат на тие позиции утре. Претседателот Вучиќ рече дека многу луѓе се приклонуваат кон ставот дека судбината е одредена однапред и не преземаат иницијатива, што смета дека не е правило“, се вели во објавата на фејсбук страницата „Иванов Школа за млади лидери“.

Вучиќ им порачал на младите учесници дека не треба да губат време, да почнат што порано да работат на остварување на своите соништа, да имаат големи планови и да не се осврнуваат на критичарите.

„Претседателот Вучиќ рече дека нашиот регион имаше многу тежок период и дека тешко за некоја држава од нашиот регион можеме да кажеме дека таа го живее своето ‘златно време’ (златна доба)“. Но, тоа не треба да нѐ обесхрабрува и не треба да си дозволиме да го прифаќаме ставот на другите и да се поистоветуваме со нивните стереотипи за нашиот регион, туку да работиме и да се трудиме да напредуваме. Да не бидеме скептични, да не плачеме над нашите судбини, туку да преземеме нешто и за нас и за нашите земји. Смета дека државите од регионот, не само Македонија, не само Србија, или која било друга држава, се соочува со реални предизвици. Не ни требаат празни ветувања и големи мудрости, тоа веќе не е доволно, туку се потребни конкретни чекори, на пример, почеток на преговори“, стои во објавата.

Дванаесеттата Школа за млади лидери на Претседателот Ивано се одржува од 12 до 27 ноември во комбинирано издание, онлајн и со две сесии со присуство во живо, едната во Скопје и втората сесија на свечено затворање во Охрид. Школата има четириесет учесници и петнаесет предавачи од Македонија и од странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот