Александар Вучиќ и Милорад Додик/ Фото: EPA-EFE/VLADIMIR STOJAKOVIC

Вучиќ: Го разбирам Додик, но Србија мора да има своја позиција

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вели дека со целосно разбирање на позицијата на Република Српска, ќе разговара со Кристијан Шмит, кого Република Српска не го прифаќа за висок претставник во БиХ, пренесува Српскаинфо.

Вучиќ изјави дека ќе разговара со Шмит кога тој ќе смета дека е соодветно и дека отворено ќе му каже дека е потполно против примената на овластувањата на поранешниот висок претставник Валентин Инцко. Тој додаде дека секој вид на акција против Милорад Додик и службениците на Република Српска ќе бидат катастрофални за стабилноста во регионот.

„Не сме задоволни, изборот е направен, но околностите се објективни“ вели Вучиќ.

Тој вели дека целосно го разбира ставот на Додик и Република Српска, но и мислењето на Шмит, како и нивната позиција. Вучиќ потврди дека Србија мора да има своја позиција за овој проблем.

„Разговарав со Шмит и не криев ништо. Мојата работа е да не ја загрозам позицијата на Србија. Го познавам Шмит, тој помагаше и кога го повикаа Додик. Тогаш го молев да дојде и да разговара со Додик, а тоа го направи во Сарајево“ изјави Вучиќ за ТВ „Хепи“.

Српскиот претседател го повика својот народ да ја почитува БиХ, но призна дека никогаш нема да се согласи со прогонството на Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот