Вучиќ им порача на Србите на Косово: Ќе видите кој е вера, а кој невера

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека Србија е „слободна и слободарска земја, за Србија не одлучува никој друг туку нејзините граѓани, во неа не се прашува никој друг само нејзините граѓани“, додавајќи дека се „ретки земјите кои можат да се пофалат со тој факт“.

„Слободата е света, како што е и мирот, тие заедно вредат најмногу“, изјави Вучиќ, кој положи венец на споменикот на косовските јунаци во Крушевац, наведувајќи дека Видовден е „симболот за големината на нашиот народ“.

Во изјавата на Вучиќ нагласи дека на младите генерации „не смее да им се остават судири и мора да се завршат, да дадеме се од себе за да ставиме точка на смртта и на иднината да и обезбедиме живот“.

„Нека му е честит празникот на српскиот народ во Косово и Метохија, ви порачувам и денес и навек дека ќе видите кој е вера, а кој невера. Кој ќе ги брани, а кој не ги чувал Косово и Метохија“ напомена Вучиќ.

Поглаварот на Српската православна црква, владиката Порфириј кој синоќа пристигна на Косово,  денеска на Газиместан треба да одржи парастос за српските јунаци загинати во косовската битка во 1389 година.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот