Вучевиќ вели дека во копнената безбедносна зона бројот на војници е намален

Милош Вучевиќ / Фото ЕПА

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ денеска изјави дека во копнената безбедносна зона, долж границата кон Косово, моментално се распоредени помалку од 4.500 војници, а 8.350 од нив се распоредени два дена по конфликтот во Бањска.

„Имаме деангажирање, а не повлекување на некои единици. Тие се враќаат во нивните гарнизони, во касарните, на нивните редовни активности. Војската на Србија, Министерството за одбрана со Военото разузнавање и Воено-безбедносната агенција следат се што се случува на подрачјето на Косово и Метохија“, изјави Вучевиќ за телевизија „Прва“.

Тој нагласи дека, според меѓународните договори, Србија нема никакви ограничувања за бројот на единици лоцирани во копнената безбедносна зона.

Во врска со наводите дека Србија се подготвува да направи нешто со „акумулирање единици“ и дека обучува група која учествувала во конфликтот во Бањска, министерот рече дека тоа е „збирка на глупости со цел политичка дискредитација на Србија“.

Тој изјави и дека меѓународната заедница „молчи“ кога се вели дека 11 отсто од Србите се иселени од Косово по доаѓањето на Албин Курти на чело на владата во Приштина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот