Ваквата одлука беше донесена откако Јанкулоска поднесе барање за вонредно преиспитување на пресудата за случајот „Тенк“, односно Врховниот суд одлучи дека таа нема да оди зад решетки се додека не донесат одлука за пресудата.

„Фокус“ се обратил до Врховниот суд, но оттаму добиле информација дека одлуката сè уште не е донесена.

-Предметот е земен во работа, но сè уште нема одлука, одговорија од Врховниот суд за “Фокус”.

Овој суд може да ја потврди пресудата со што екс министерката веднаш би се упатила во затвор, би можеле да ја укинат пресудата и да го вратат случајот од почеток, или мериторно да одлучат.