Времето денес облачно со повремени врнежи од снег и дожд

облаци
Облачно време / Фото: А. Пауновска, Слободен печат

Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, особено претпладне. Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег.

Локално ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер со брзина од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината од снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 4 степени.

Утре времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура и со пораст на дневната, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла и ќе се задржи студено преку целиот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот