
Време е за зимница: Рецепт за домашна лутеница, едноставна, а супер вкусна
Нема ништо повкусно од домашна лутеница, неизоставен дел од секоја зимница. Лутеницата е пикантен специјалитет од зеленчук, по текстура и вкус слична на ајварот, но со лут вкус.
Препорачано
Лутеницата со децении е популарен зимски деликатес во Македонија.
Најголемата разлика помеѓу лутеницата и ајварот е тоа што лутеницата може да се подготви од термички необработена пиперка. Состојките вклучуваат пиперки, лук, масло, шеќер, сол и домати.
Состојки:
– 1,5 кг пиперки
– 1 кг зрели домати
– половина кг лути пиперки
– 100 мл вински оцет
– 200 мл масло
– 125 г шеќер
– половина ќесичка мелен бибер
– сол по вкус
– 4-5 чешниња лук
– 1 ќесичка конзерванс
Подготовка:
Прво прелијте ги доматите со врела вода за полесно да се излупат. Исечете го на четвртинки и ставете ги во тенџере заедно со винскиот оцет, шеќерот и биберот. Измешајте сè, ставете на рингла и пржете. Кога ќе почне да врие нека се вари 1 час.
Свежите лути пиперчиња и пиперката сомелете ги во машина за месо, додајте сè во тенџерето и оставете да се вари уште 1,5 час, повремено мешајќи. Пред крајот на готвењето посолете по вкус и на крајот додадете ги ситно сечканиот лук и кесичката конзерванс. Сè убаво измешајте, сипете во претходно стерилизирани тегли, почекајте да се излади и чувајте на темно суво место во шпајзот.