Вработена во МВР се стекнала со 600.000 денари барајќи пари на рака за издавање лични документи

Лична карта лични карти документи
Издавање на новите лични карти/ Фото: МИА

Во период од јануари до мај годинава, вработена во Отсекот за управни работи Штип за Виница при МВР, во повеќе наврати барала од граѓаните да и дадат пари на рака при поднесување на барање за издавање патна исправа или лична карта, под изговор дека пос-терминалот за платежна картичка во моментот не работи. Од МВР соопштија дека се стекнала со противправна имотна корист од околу 600.000 денари, на штета на Буџетот на државата.

Денеска (17.07.2023) Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.Л., вработена во Отсек за управни работи Штип за Виница, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „проневера во служба” по член 354 став 5 вв став 1 и 2 вв чл.45 од Кривичниот законик – соопштија од МВР.

Воедно, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а вработената ќе биде суспендирана од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот