Американска воена база / Фото: EPA/SZILARD KOSZTICSAK HUNGARY OUT

Вработен во американската воена база осуден за протекување доверливи информации на веб-страница за запознавање

Поранешен цивилен вработен во американска воена база беше осуден на речиси шест години затвор за откривање доверливи информации за руската инвазија на Украина на странска страница за запознавање во 2022 година, објави агенцијата Франс-прес, цитирана од БТА.

64-годишниот Дејвид Френклин Слејтер, поранешен потполковник на армијата, се изјасни за виновен во јули. Федералниот суд во Небраска го осуди на 70 месеци затвор и парична казна од 25.000 долари.

Овој цивилен вработен во воздухопловните сили, распореден во базата Офут во Небраска, дом на Командата за стратешко нуклеарно оружје, беше уапсен во 2024 година.

Тој е обвинет за пренесување класифицирани информации помеѓу февруари и април 2022 година „преку разговор на странска страница за запознавање на неговиот соучесник, кој тврдел дека е жена што живее во Украина“. Документите се однесувале на „воените цели и капацитети на Русија поврзани со инвазијата на Украина“.

Според досието, таа го нарекувала во своите пораки „нејзиниот таен љубовник-информатор“, забележа АФП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот