Возрасен маж пронајден мртов, постојат сомнежи дека бил застрелан

обвинителство ојо

Првичните сознанија на Обвинителството говорат дека во починато лице во Демиркаписко, чие мртво тело било пронајдено во саботата навечер, е пукано со огнено оружје. Станува збор за 50-годишен маж.

Државното јавно обвинителство наведе дека се чека да се види дали обдукцијата ќе потврди дека е пукано со огнено оружје.

– Основното јавно обвинителство постапува по предметот во врска со пронајденото починато лице. Беше наредена обдукција и вештачење на траги. Предметот е во предистрага. Обвинителството продолжува со постапката, во насока на расчистување на случајот – рекоа од Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот