Фото: Screenshot

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Фудбалер се заби во рекламите покрај теренот и доживеа страшна повреда

Фудбалеот од Того Самуел Асамоа (31) се наоѓа во критична здравствена состојба, откако заработи сериозна повреда на натпревар од втората кинеска лига помеѓу Гунгџи Пинго и Чонгкинг Тонглианглог.

Несреќата се случи по еден дуел со противнички играч, кога Асамоа изгуби рамнотежа и се заби во рекламните паноа покрај теренот, удирајќи директно со главата. Веднаш падна на земја, а лекарските екипи веднаш дотрчаа.

Според првичните информации, Асамоа се здобил со неколку скршеници на вратот, а прогнозите за неговото враќање на теренот се крајно неизвесни. Засега нема точна проценка дали и кога би можел повторно да игра фудбал.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот