Шани Лук/Фото: Принтскрин/ Јутјуб/Дејли мејл/Твитер

ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА | Познат идентитетот на девојката со чие тело милитантите на Хамас парадираа во камион и се потсмеваа

Девојката со чие голо, безживотно тело парадираа терористите на Хамас во задниот дел на камион, додека милитантите седеа врз неа и се потсмеваа по нивниот насилен упад, вчера е идентификувана како германска тату уметничка, пишува „Дејли мејл“.

Шани Лук (30) била на музичкиот фестивал за мир кога ја фатиле терористите на Хамас во ненадејниот напад врз Израел во кој загинаа стотици луѓе, а илјадници беа повредени.

Нејзиното тело е снимено во задниот дел на камионот, со едната нога под неприроден агол, околу неа седат терористи и поддржувачи на групата како навиваат, трчаат покрај неа и ја плукаат додека ја спроведуваат низ Газа.

 


Информациите беа објавени кога нејзината мајка Рикарда објави потресно видео во кое моли за помош за да открие што се случило со нејзината ќерка.


Држејќи фотографија од Шани на својот мобилен телефон, мајката на Шани вели:

„Утрово палестински Хамас ја киднапираше мојата ќерка Шани Никол Лук, германски државјанин, со група туристи во јужен Израел. Снимката ни ја испратија на која јасно можев да ја видам нашата ќерка онесвестена во автомобил со Палестинци и како ја возат по Појасот Газа. Ве молам, испратете ни каква било помош или каква било вест. Ви благодарам многу.“

Се верува дека Шани била мачена и убиена.

Хамас тврдеше дека таа била израелски војник – но роднина на Шани завчера рекла дека тоа е Шани и дека таа немала никаква врска со војската.

Фото: Принтскрин/ Твитер

„Ништо не сме слушнале. Се надеваме на позитивни вести. Тоа е дефинитивно Шани. Беше на музички фестивал за мир. Ова е кошмар за нашето семејство“, изјавила нејзината братучетка.

Шани присуствуваше на израелскиот музички фестивал „Нова фестивал“ на отворено во рурална област во близина на границата помеѓу Газа и Израел, кој требаше да биде забава со која се прославува еврејскиот празник Сукот, но како што се раздени, Тал Гибли, која беше меѓу стотиците млади луѓе кои присуствуваа на фестивалот, рекла за „Си-ен-ен“ дека присутните почнале да слушаат сирени и ракети.

„Немавме каде да се криеме бидејќи бевме на отворено. Сите толку многу се испаничија и почнаа да си ги земаат работите“, изјавила таа за „Си-ен-ен“.

Израелците тврдат дека се погодени над 500 цели во Газа, а загинале 73 израелски војници

ВО ЖИВО | Војна во Израел, немирите продолжуваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот