Вознемирена мајка од Кичево: Наместо воспитувачка, во градинка син ми го чува готвачката, која денеска го заборавила сам во просторија

Фото: Архива

Вознемирена мајка од Кичево во редакцијата на „Слободен печат“ се жали дека нејзиното дете со застој во развојот, во градинката „Олга Мицевска” во Кичево, наместо од негувателка, е чувано од страна на готвачката во кујната. Христина Ангелкоски од Кичево вели дека денеска ситуацијата ескалирала, затоа што кога дошла да го земе синот од градинка, наместо да го најде во групата со другите деца, не можела да го најде, бидејќи готвачката го заборавила сам во една просторија. Сите други деца им ги препуштила на чување на дежурната негувателка, бидејќи си отишла рано дома.

-Долго време во градинката децата ги чува само негувателка, не можат да најдат воспитувачка. Негувателката зема одмор и сега неа ја заменува персонал од кујната. Во неколку наврати оставени се, неанимирани, како може некој што не е соодветен кадар да ги анимира? Кому ние му ги оставаме нашите деца? Денеска во 14 часот одам да го земам син ми и наидувам на цела група деца, меѓу кои моето дете го немаше. Не можам да опишам каков е тој стрес, уште не можам да си дојдам на себеси, вознемирено раскажува Ангелкоски.

Мајката додава дека откако ја пребарале занималната со дежурната воспитувачка, се упатиле во една засебна просторија за да забележат дека момчето е оставено самото таму, заборавено.

-Многу сум вознемирена. Син ми 40 минути не зборуваше и на крајот само ми кажа дека не оди веќе во градинка. Неговата здравствена состојба е причината поради која го носам во градинка, да го извадам од таа состојба, и на крај го наоѓам сам и изолиран во една просторија, заборавен, вознемирено вели мајката за Слободен печат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот