Возило на АРМ дел од НАТО-КФОР во Косово излетало во канал за наводнување, возачот е без повреди

Фото: МИА

За време на извршување на доделени задачи во рамки на операцијата на НАТО – КФОР во Косово вчера во вечерните часови се случила лесна сообраќајна незгода, без какви било последици на возачот, соопштија денеска од Канцеларијата за односи со јавноста во Генералштабот на Армијата.

Тие појаснуваат дека за време на извршување на редовна патрола од страна на припадници на Армијата со воено моторно возило во состав на нашиот контингент во зоната на одговорност во регионалната команда запад, поради лошите временски услови (слаба видливост и лизгав коловоз), се подвлекува во соопштението, возачот изгубил контрола поради што возилото излегло од патот во канал за наводнување.

-Како дел од стандардните оперативни процедури, со поддршка на италијанскиот контингент во чиј состав ги извршуваме задачите во регионалната команда запад, моторното возило е извлечено и транспортирано до базата каде по неопходна интервенција ќе биде повторно вклучено во извршување на задачи во склоп на мисијата, соопштија од ГШ на Армијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот