Мицкоски во посета на Трубарево / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Воздухот во Трубарево не е загаден со PM 10 честички, објави Министерството за животна средина

Просечните концентрации на PM₁₀ честички во Трубарево се во рамките на дозволените граници, покажува Извештајот од индикативни мерења на квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Мерења на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀) на мерното место во зоната на Трубарево, се спроведени вчера (17 септември) во 09:30 часот до денеска до 09:30 часот.

„Мерењата се извршени со автоматскиот систем AMBICON RTM–PM, нефлометар кој овозможува реално време следење на концентрациите на честички во воздухот, со селекција на фракцијата PM₁₀. За мониторинг беше користен инструмент ES-642, METONE, USA, сертифициран за индикативни мерења согласно MCERTS, UK“ се вели во соопштението.

Според резултати од мерењата просечна концентрација е 10.9 µg/m³, максимална измерена вредност 25.6 µg/m³, а моментална вредност: 16.5 µg/m³.

„Според добиените резултати, просечните концентрации на PM₁₀ честички се во рамките на дозволените граници и не е евидентирано надминување на граничните вредности. Концентрациите се движат во рамките на 24-часовната гранична вредност за заштита на здравјето на луѓето, согласно Уредбата за гранични вредности за загадувачки супстанции во амбиентниот воздух („Службен весник на РМ“, бр. 183/17)“ додаваат од Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот