Војната во Украина го наруши угледот на руските шпиони

/ Фото Panthermedia / Profimedia

Виктор Милер Фереира е млад Бразилец со импресивни акредитиви и одлично искуство. Студирајќи на Школата за напредни меѓународни студии Џон Хопкинс во Вашингтон, тој бил практикант во Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Но, кога во април пристигнал во Амстердам, тој веднаш бил депортиран во Бразил. Фереира всушност бил Сергеј Владимирович Черкасов, разузнавач кој работи за ГРУ, руската воено-разузнавачка служба, пишува британскиот неделник „Економист“.

Черкасов бил таканаречен „илегалец“, сличен на оние во популарната телевизиска серија „Американците“ – офицер испратен во странство под лажен странски идентитет. Во документот од четири страници до кој дошло холандското разузнавање, неговата животна приказна била претставена со макотрпни детали, од интересите во детството сè до омилените ресторани. Черкасов сега се наоѓа во бразилски затвор и е осуден на 15 години, наведува познатиот британски весник.

Откако советската КГБ била распуштена во 1991 година, таа повторно се појави како ФСБ, домашна безбедносна служба и СВР, странска разузнавачка агенција. Групата опстојува во една или друга форма од 1918 година.

Москва, Русија
Москва, Русија / Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Овие „специјални служби“ уживаат во големата репутација на нивните царски и советски предци. Но, се чини дека тие „скршени“ излегуваат од војната во Украина со таа иста репутација. Експлозијата што го оштети Кримскиот мост на 8 октомври беше само најновата безбедносна грешка, смета „Економист“. Украинските сили исто така се осомничени дека во август организирале бомбашки напад во Москва, во кој беше убиена ќерката на истакнат руски ултра-националистички идеолог Александар Дугин, потсетува „Њујорк Тајмс“.

„Економист“ смета дека неуспехот на руските разузнавачки служби лежи во срцето на војната. ФСБ, агенцијата која е задолжена за заштита на руските тајни во Украина, „ги реши“ двата предизвици на „спектакуларен начин“. Како што пишува британскиот неделник, тие не успеале да ја спречат Америка да ги добие, а потоа и да ги објави руските воени планови за Украина – најдраматичното распоредување на разузнавачки информации од американското изложување на советските ракети на Куба во 1962 година.

Уште полошо, тоа биле очигледните подготовки на ФСБ за војната – вклучувајќи ги и плановите да се убијат неистомислениците и да се воспостави марионетска влада – што помогна да се убедат американските и британските официјални лица дека формирањето на руската војска не е блеф, се вели во анализата на „Економист“.

Внатрешни проблеми во агенциите

Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да влезе во војна на прво место, исто така, многу се должи на „гужвата“ во ФСБ, смета весникот. Петтата служба на агенцијата, одговорна за поранешните советски земји, драматично го прошири својот тим во Украина во јули 2021 година, се вели во извештајот на Институтот Кралски Обединети Сервиси, невладина организација од Лондон. Сепак, нивните службеници во главно разговарале со оние Украинци кои биле приврзани за Русија и ги преувеличувале размерите на нивните мрежи од агенти во земјата, давајќи му на Кремљ лажен впечаток дека „украинската влада брзо ќе пропадне“, се вели во извештајот.

Разузнавачките агенции ги рефлектираат општествата од кои доаѓаат, смета „Економист“. Во својот најдобар случај, руските шпиони можат да бидат врвни.

„Постојано бевме изненадени од умноста и немилосрдноста на некои од работите што ги прават“, вели Џон Сајфер, кој служел како началник на станицата на ЦИА во Москва, а подоцна ги водел нејзините операции во Русија. „Тие имаат навистина, навистина паметни луѓе“.

Големата сила на руското разузнавање е нејзиниот огромен обем. Сепак, само мал дел од нејзиниот персонал врши корисна шпионска работа, смета „Економист“. Според весникот, офицерите на ФСБ биле тие што го отруле Алексеј Навални, опозицискиот лидер во 2020 година.

„Внатрешните борби во рамките на агенциите и со другите владини оддели се многу големи. ФСБ е како „Игра на тронови“, вели Максим (лажно име), поранешен контраразузнавач на ФСБ. „Внатре имате различни кланови со различни политички и финансиски интереси“.

Неодамнешниот извештај на СУПО, финската разузнавачка служба, забележува дека руските разузнавачи таму главно биле „отсечени“ од нивните мрежи. Се предупредува дека руските шпиони прибегнуваат кон „алтернативните средства“. Една од нив е сајбер-шпионажа. Друга е регрутацијата на странци во Русија. Трета, која СУПО не ја спомнува, но ја наведува „Економист“ е да се потпрат повеќе на „илегалците“ како Черкасов. Но, тоа има своја цена. Според европските разузнавачи, притисокот врз „илегалците“ ги тера да преземаат поголеми ризици од вообичаено.

Русија руско знаме Министерство за надворешни работи МНР
Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Во март, на пример, Полска го уапси Пабло Гонзалес, шпанско-руски новинар познат и како Павел Рубцов, под сомнение дека работи за ГРУ. Украински извор вели дека тој се обидувал да влезе во Украина за да пристапи до сајбер единица во една од разузнавачките агенции во земјата.

На многу начини, руските шпиони се соочуваат со истите професионални предизвици како и нивните западни колеги, смета британскиот неделник. Според нив, станува сè потешко да се преминат границите под лажни имиња, со оглед на сеприсутноста на биометриските контроли, или да се изгради дигитална приказна што ќе може да се испита.

Плаќањето и комуникацијата со агентите е уште еден предизвик. Но, додека западните шпиони научија како „да се вклопат во вревата“, руските бавно се прилагодуваат, заклучува весникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот