Детонатор ВП-9 / фото: cat-uxo.com

Војна во живо: Детонатор ѝ експлодирал во рацете на радиоводителка во Киев

Утринава во студиото на украинската радиостаница „Армија ФМ“ во Киев се случила експлозија додека водителката ракувала со експлозивна направа за време на емисија во живо, пренесува хрватски „Индекс“.

Според украинските медиуми, утрово околу 10:50 часот, 25-годишната водителка за време на емисијата во живо зела детонатор „ВП-9“ и почнала да го превртува во рацете, што ја предизвикало експлозијата. Направата претходно во студиото ја донел гостин од редовите на украинската армија.

Детонаторот се користи како запалка за противтенковски ракети и служи за да ја иницира експлозијата на боевата глава при ударот во целта.

Од експлозијата жената се здобила со рани од шрапнели на рацете и стомакот и била пренесена во болница. Лекарите ја опишаа нејзината состојба како стабилна.

Киевската полиција соопшти дека ги истражува околностите на инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот