Во затвор штрајкуваат терористите од Диво насеље, бараат семејни посети и слободни викенди

Судење за „Диво насеље“ / Фото: Архива на Слободен Печат

Веќе седум дена, осуденици за тероризам во случајот „Диво насеље“ штрајкуваат со глад и се жалат дека надлежните немаат одговор во врска со нивните барања, објави ТВ21.

Министерот за правда, Никола Тупанчески, вели дека директорот на Управата за извршување на санкции се сретнал со осудениците и дека се работи во насока на стопирање на штрајкот и позитивен одговор за барањата.

Осудениците велат дека уште пред 19 месеци барале да им се дозволат семејни посети и користење слободни викенди.

-Сакаме да им порачаме дека утре навршуваат цели седум години. Во целосна изолација сме. Не ни е понудена можност за ресоцијализација и убедени сме дека доколку не ни помогне гласот на народот и претставниците на меѓународната заедница акредитирани во земјава, тогаш ќе продолжат да ни ги негираат сите права, а ќе ни биде нарушено и здравјето, вели за ТВ21 Арсим Бајрами, еден од осудените.

Затворениците се жалат дека нивната здравствена состојба по седумдневниот штрајк со глад се влошува, но иако имало интервенции и од Брзата помош, тие не се откажуваат од штрајкот.

Во случајот „Диво насеље“, седуммина осудени добија доживотни затворски казни, 13-мина се осудени на 40 години затвор, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата. Уште 16 обвинети беа трајно протерани од земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот