Во Витлеем годинава нема да има украсена елка и божиќна атмосфера поради војната

Родниот град на Исус секоја година се украсува за Божиќ и привлекува илјадници христијани од целиот свет/Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Оваа година во Витлеем нема да има новогодишна елка бидејќи родното место на Исус годинава ќе го слави Божиќ „дискретно и без многу светла“ во сенката на војната во Газа, соопштија локалните власти.

Многу од жителите на Витлеем, кој се граничи со Ерусалим на окупираниот Западен Брег, се длабоко погодени од војната во Појасот Газа, оддалечен 50 километри.

Во првите денови од декември, црковните великодостојници се среќаваат секоја година во Витлеем за да го навестат почетокот на четириесетте дена пред Божиќ, кои обично привлекуваат многу туристи.

Но, годинава улиците и плоштадите во овој град изграден на рид се речиси празни.

„Никогаш не сме го виделе Витлеем ваков, ниту за време на пандемијата. Градот е празен, тажно е“, изјави за Ројтерс отец Ибрахим Фалтас, францискански монах пред црквата на Христовото раѓање.

„Денес треба да биде ден на радост“, додава тој.

Палестинците повредуваат „многу деца, жени, стари лица, луѓе кои загинаа во оваа луда војна“, коментира тој.

Во соопштението објавено на 10 ноември од страна на црковните водачи во Светата Земја се изразува сочувство за луѓето кои тагуваат поради „неизвесната судбина на нивните најблиски“ – можно е повикување на семејствата и пријателите на заложниците кои ги зеде Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот