Во украински напад повреден поранешниот шеф на Роскосмос

марс
Дмитриј Рогозин, Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Поранешен руски вицепремиер и промосковски функционер биле повредени во украинските гранатирања на источниот град Доњецк во средата, јавуваат руските новински агенции, пренесува „Ројтерс“.

Доњецк, контролиран од промосковските трупи, се наоѓа во регионот Донбас, епицентарот на неодамнешните жестоки борби меѓу Русија и Украина.

Еден од повредените е Дмитриј Рогозин, поранешен руски заменик-премиер кој дава воени совети на два окупирани региони во Украина за кои Москва тврди дека се нејзини, изјави извор за новинската агенција Тас, а неговиот живот не е во опасност.

Повреден е и Виталиј Хоценко, шефот на владата на самопрогласената Народна република Доњецк, изјави неговиот прес-секретар за руските новински агенции.

Двајцата мажи се повредени откако бил погоден хотел на периферијата на Доњецк, пренесуваат руските агенции. Руски парламентарец, кој исто така бил во хотелот, сугерирал дека напаѓачите дејствувале по најава.

Рогозин порано беше на чело на руската вселенска агенција, но беше сменет во јули. Тој зазеде конфронтирачки став откако агенцијата беше погодена со санкции за нејзината улога во одбранбената индустрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот