Во Турција приведени 16 новинари под обвинение за тероризам

Новинари / Фото: Архива на „Слободен печат“

Шеснаесет турски новинари денеска се приведени и ќе бидат изнесени пред суд под обвинение дека се поврзани со прокурдски медиуми и за членство во „терористичка организација“.

Новинарите работеа за медиуми поврзани со прокурдската Демократска народна партија, која ризикува да биде забранета во Турција поради наводни врски со забранетата Курдска работничка партија (ПКК). Демократската народна партија негира каква било поврзаност со ПКК.

На 8 јуни во Дијабекир, југоисточна Турција беа приведени четворица новинари под обвинение дека работеле за ПКК.

Претставникот на Репортери без граници (РСФ) Ерол Ондероглу ги осуди апсењата како обид за ослабување на „курдската политичка класа… и одземање на правото на глас“ пред претседателските избори во Турција следната година.

Турција според во Индексот на слободата на медиуми на РСФ е на 149. место од 180 земји и постојано е критикувана за замолчување на критичарите на Владата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот