Во Сирија убиен лидерот на терористичката организација Џунуд ал Шам

Војници Сирија
Сирија војници/ Фото Архива на СП

Лидерот на чеченската терористичка организација „Џунуд ал Шам“, Муслим ал Шишани Маргошвили е убиен во Сирија, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за Сирија, Александар Лаврентиев.

„Неодамна руските воздухопловно-космички сили успеаја да елиминираат еден од водачите на терористичката организација „Џунуд ал-Шам Маргошвили“, рече тој на денешната прес-конференција.

Претходно Лаврентиев спомена дека активностите на терористичките „заспани ќелии“ во Сирија во последно време се интензивирани на неприфатливо ниво, пренесува ТАС.

Муслим ал Шишани Маргошвили учествувал во првата и втората чеченска војна, а од 2012 година се борел во Сирија на страната на бунтовниците.

Соединетите Држави соопштија дека тие и припаѓаат на Исламската држава, иако тие го тврдеа спротивното.

Џунуд ал Шам е чеченска сунитска воена организација која ја поддржува сириската опозиција и е најактивна во провинциите Идлиб и Латакија.

На почетокот имало околу 250 луѓе, но сега таа бројка е намалена на неколку десетици луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот