Во САД температурите се спуштаат и до минус 45

Поради зимската бура што зафати одредени области на САД, во некои делови од државата температурите би можеле да паднат и до минус 45 степени, јавија американските медиуми.

Како резултат на снежното невреме беа затворени бизниси и училишта во Дакота, Минесота и Висконсин, а откажани се речиси пет илјади летови.

Налетите на ветрот би можеле да достигнат брзина од 80 километри на час, а во некои делови на САД, под влијание на екстремно студен бран, температурите би можеле да паднат до минус 45 степени Целзиусови.

Гувернерот на Минесота, Тим Волц, рече дека Националната гарда ќе им помогне на возачите заглавени во снежната бура, бидејќи синоптичарите прогнозираат до еден метар снег за некои делови од северните држави – најобилни снежни врнежи во изминатите 30 години.

Во исто време одредени делови од источниот дел на САД имаат екстремно високи температури – во Орландо, Флорида би можеле да достигнат до 32 Целзиусови степени, а во Луизијана, Њу Орлеанс до 29 степени, најавија метеоролозите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот