Во САД повеќе од милион смртни случаи од ковид-19

Ковид Канада/ Фото Nathan Denette / PA Images / Profimedia

САД регистрираа повеќе од еден милион смртни случаи од ковид-19, што значи дека секој 327 Американец умрел од коронавирус или повеќе од целото население во Сан Франциско или Сиетл.

Со 6,7 милиони потврдени смртни случаи на глобално ниво, нема многу места во светот кои не биле опустошени од оваа болест, соопшти СЗО. Според Светската здравствена организација, реалниот број на жртви – вклучувајќи ги и оние кои починале од компликациите предизвикано од Ковид-19, како и оние кои починале од индиректните последици од појавата на пандемијата – веројатно е поблиску до 15 милиони.

Иако досега светот главно почна да се враќа во „старото нормално”, научниците веќе работат на нова засилувачка доза бидејќи вирусот продолжува да мутира.

– Во никој случај не е готово, изјави неодамна главниот медицински советник на претседателот Џо Бајден, Ентони Фаучи.

– Сè уште сме во глобална пандемија, нагласи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот