Во Радишани ќе се прави нов рекреативен центар, со игралишта и зелени површини

Фото: Општина Бутел

Новиот спортско рекреативен центар кој ќе се наоѓа во населеното место Радишани – горна зона, ќе го носи името „Христо Матов“, а ќе се протега на повеќе од 2000 метри квадратни.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски објаснува дека станува збор за место кое во минатото било главна локација за рекреација и забава во Радишани, но кое во изминатите години беше целосно запуштено и претворено во депонија.

Спортско рекреативниот центар  „Христо Матов“ сега ќе биде целосно обновен и ќе има повеќе содржини – ќе биде изградено модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова метална ограда и ново лед осветлување, потоа ќе бидат поставени нови трибини со нови столчиња. Ќе има и баскет игралиште со специјална подлога, комплетно ќе биде реконструирано детското игралиште, а ќе има и фитнес зона за вежбање и рекреирање.

Покрај тоа на просторот ќе биде изведен парк, зелени површини, а ќе биде поставена и нова урбана опрема и ново лед осветлување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот