Во првиот квартал БДП-то порасна на 4.1 проценти

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2019 година е 4.1 %.

Во првото тримесечје од 2019 година, најголем пораст е забележан во секторите: А – Земјоделство, шумарство и рибарство од 13.6 %; Ѓ – Градежништво од 7.0 % и Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6.6 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2019 година номинално расте за 3.9 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 63.5 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14.9 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 12.6 %.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот