Во протестите во Сиетл уапсени 45 демонстранти, повреден 21 полицаец

На протестите во Сиетл се уапсени 45 лица под обвинение за напад врз полициски службеници и опструкција, а 21 полицаец е повреден од гаѓање со запаливи средства, соопшти денеска локалната полиција.

Демонстрантите фрлале со камења, плински боци, пиротехнички средства и друг експлозив, нагласи полицијата, додавајќи дека некои од предметите предизвикале пожар.

Во протестите, кои полицијата ги опиша како „насилни”, еден полицаец бил хоспитализиран со повреда на ногата предизвикана од експлозивна направа.

Во Сиетл се одржаа протести поради полициската бруталност и системскиот расизам, како и во област од шест блокови, кои се под контрола на демонстрантите, откако полицијата ја напуштила. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот