Во Прешево ќе се отвори штаб за борба против нелегалното гранично преминување на мигрантите

Фото: Nicolas Economou/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ изјави дека 95 отсто од мигрантите доаѓаат во Србија од правец на Бугарија и Северна Македонија, така што дополнително ќе се зајакне ангажманот на полицијата на границата кон овие држави, како и дека наскоро ќе се формира штаб во Прешево.

Гашиќ при посетата на Министерството за внатрешни работи (МВР) во Регионалниот центар на граничната полиција кон Бугарија, соопшти дека полицијата преку упорни акции на теренот прави се за да се сузбие нерегуларната миграција и да се уапсат шверцерите со луѓе.

-Припадниците на МВР на сериозен начин ја штитат државната територија и граѓаните, ќе ги преземе сите мерки за да спречи преминување на нерегуларните мигранти во нашата држава. Ќе останеме на овој простор, но и на северот од државата, се додека целосно не го решаваме овој проблем, рече Гашиќ , соопштија од МВР.

Србија според извештаите на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) се наоѓа на таканаречената „Балканска рута“ која и покрај жиците, камерите и заедничките гранични патроли е втора најактивна бегалска рута.

Според проценките на невладиниот Центар за помош на мигранти и баратели на азил, во Србија во моментов има околу 5.000 бегалци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот