
Во подземна гаража запален автомобилот на поранешен министер од ДУИ
Ова се случува по серија на палења на автомобили низ државата, а последни изгореа автомобилите на пејачките и водителки Ребека и Сузана Турунџиева.
Автомобилот на поранешниот министер Дритон Кучи бил запален ноќеска, а според информациите запалениот автомобил експлодирал. Пожарот зафатил и неколку околни возила.
Препорачано
Од МВР велат дека во СВР скопје било пријавено дека во подземна гаража во Скопје настанал пожар во неколку возила.
Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека целосно било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, а делумно биле опожарени патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, а повредени нема.
Ова се случува по серија на палења на автомобили низ државата, а последни изгореа автомобилите на пејачките и водителки Ребека и Сузана Турунџиева.
Според достапните информации, полицијата за овие, ниту за претходните палења во Скопје и Штип се уште нема уапсено никого.