Фото: Wikimedia Commons

Во овој европски град луѓето после работа пливаат назад до дома

Во летните месеци, жителите на Базел шетаат по улиците на градот со светли чанти во форма на риба. Таканаречениот Викелфиш (Wickelfisch) е всушност водоотпорна торба која ја користат за складирање на своите работи кога ќе одлучат да пливаат во реката Рајна, пренесува „Пункуфер“.

Моќната европска река во јули и август е извор на забава за многу граѓани на овој швајцарски град на границата со Германија и Франција.

Фото: Wikimedia Commons

Така, иако просечната летна температура во Базел е само околу 25 степени Целзиусови, а Рајна се карактеризира со многу брз и непредвидлив речен тек кој им се препорачува само на најдобрите капачи, многу луѓе бараат освежување во неа. Често ќе видите бизнисмени како ги соблекуваат оделата по работа на брегот на Рајна, ги складираат во Викелфиш и пливаат кон дома.

Некои тврдат дека на овој начин сакаат да се опуштат после работа, а други сакаат да го избегнат сообраќајниот метеж во градот со околу 170.000 жители.

Најголем број пливачи пливаат во делот помеѓу мостовите Шварцвалд и Јоханитер и дозволуваат струјата да ги однесе низводно.

Не само што темпераментната река Рајна е наменета за одлични капачи, туку и околу неа нема спасувачи. Ако сакате да пливате во неа, тоа го правите на ваш сопствен ризик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот