Во Нови Пазар приведени неколку ученици поради лажни пријави за бомби

Српска полиција/ Фото: МИА

Полициски службеници во Нови Пазар идентификувале и затекнале двајца основци на возраст од 12 и 13 години кои, како што се сомнева, претходно испратиле мејлови дека се поставени бомби во основните и средните училишта на подрачјето на Нови Пазар, како и во една продавница.

Полицијата извршила разговор со децата во присуство на нивните родители и го известила Вишото јавно обвинителство во Нови Пазар и Центарот за социјална работа во овој град.

По налог на Вишото јавно обвинителство Нови Пазар, поднесена е прекршочна пријава против родителите на момчето поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неправилен надзор над детето.

По дојавите за поставени бомби, сите ученици, вработени и граѓани беа евакуирани, додека полициски службеници извршија увид во објектите и утврдија дека секоја пријава е лажна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот