Во Нов Зеланд се организирал детски натпревар во лов на мачки, по бурните реакции морал да се откаже

островот на мачките
Мачки/ Фото: Принтскрин/Твитер

Ловечко друштво од Нов Зеланд го откажа детскиот натпревар во лов на мачки поради негативни реакции. Имено, во Нов Зеланд мачките скитници се сметаат за штетници и ризик за биосигурноста на земјата. Годинава во рамки на годишниот лов додадена е нова категорија во која може да учествуваат и да ловат мачки и деца до 14 години.

За време на натпреварот, децата биле поттикнати да убијат колку можат повеќе улучни мачки. Детето кое би убило најголем број мачки од средината на април до крајот на јуни требало да освои 250 новозеландски долари (околу 140 евра).

Сепак, овој натпревар за деца беше откажан поради критики од јавноста. Во вторникот, Новозеландското друштво против суровоста кон животните соопшти дека е олеснето со одлуката. Претставникот на друштвото изјави дека децата, но и возрасните, нема треба да прават разлика помеѓу „дива, улична или домашна мачка“.

„Треба да ги научиме нашите деца на емпатија кон животните, а не да ги охрабруваме да ги убиваат“, рече портпаролот на добротворната организација за заштита на животните Сејф, како што пренесе Би-Би-Си. Настанот требал да се одржи како дел од јунсото прибирање средства за локално училиште во Северен Кентербери. Стотици луѓе, вклучително и деца, учествуваат на натпреварот секоја година, натпреварувајќи се во убивање диви свињи, елени и зајаци.

Организаторите од ловечкиот клуб во вторникот објавија дека ловот на мачки е откажан откако добиле „гнасни и несоодветни мејлови“. „Разочарани сме и им се извинуваме на оние кои со нетрпение очекуваа да учествуваат во заштитата на нашите домашни птици и другите ранливи видови“, напиша групата на Фејсбук.

Под нивната објава на Фејсбук се појавија повеќе од сто коментари каде некои ја бранеа оправданоста на настанот. „Да знаеја луѓето каква штета предизвикуваат мачките скитници. Тие влијаат на нашето земјоделство, шират болести…“ напишала една локална жена.

Се проценува дека има околу 1,2 милиони мачки во Нов Зеланд кои се домашни миленици, а повеќе од двапати од тој број се скитници. Најголемата организација за заштита на Нов Зеланд, Кралското друштво за заштита на шумите и птиците, процени дека мачките скитници би можеле да бидат одговорни за смртта на дури 1,1 милион домашни птици секоја година, како и на десетици милиони други птици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот