60-годишен жител на тетовско е загинатиот во несреќата на патот Охрид-Кичево

Фото: Илустрација

Во вчерашната сообраќајна несреќа помеѓу товарно и патничко возило на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на село Издеглавје, на местото почина 60-годишниот М.Ј од тетовското село Палатица.

Возачот на товарното возило и сопатниците од двете возила се тешко повредени.

-На 31.05.2023 во 18.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на село Издеглавје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „Фиат дукато” со струшки регистарски ознаки, управувано од В.С.(37) од Вевчани и патничко возило „Фолксваген Туран” со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(60) од селото Палатица, општина Желино. Притоа, од здобиените повреди на местото починал возачот на патничкото возило М.Ј., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот В.С. и сопатничката во патничкото возило, Н.Б.(47) од тетовското село Голема Речица, се здобиле со тешки телесни повреди, додека Х.Б.(21) од село Голема Речица, сопатник во возилото „Фолксваген” се здобил со телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, се вели во соопштението од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

ВИДЕО: Страотна несреќа на патот Кичево-Охрид: Неофицијално има загинат и повеќемина повредени

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот