Во Најроби гувернерот им дели коњак на граѓаните како лек против Ковид-19 (ВИДЕО)

Сонко во видео-снимка вели дека алкохолот „игра многу важна улога” во справувањето со коронавирусот или кој било друг вирус.

Гувернерот на Најроби Мајк Мбуви Сонко на сиромашното население во главниот град на Кенија дели коњак, тврдејќи дека штити од новиот коронавирус.

Гувернерот, кој минатата година беше уапсен за корупција, оваа недела на социјалните мрежи објави фотографија од шишиња коњак „хенеси”, кои се нашле меѓу пакетите со основни намирници.

Повикувајќи се на наводни резултати од истражување на Светската здравствена организација и други здравствени институции, Сонко во видео-снимка вели дека алкохолот „игра многу важна улога” во справувањето со коронавирусот или кој било друг вирус.

Сепак, компанијата што го произведува овој коњак соопшти дека тоа тврдење не е точно и дека конзумирањето на тој бренд алкохолни пијалоци, како и другите, не штити од Ковид -19.

Портпаролот на кениската влада Сајрус Огуна изјави дека тезата дека алкохолот штити од заразата нема научна основа и ги повика политичарите да не ја користат пандемијата за предизборен публицитет. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот