Во Муртино откриено комбе со 25 мигранти, возачот побегнал

Фото: МИА

Мигрантите биле задржани во СВР Струмица за понатамошна постапка.

Вчера во 17.45 часот на локалниот пат с.Банско – с.Муртино, струмичко, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи-Исток забележале комбе „форд“, со штипски регистарски ознаки, кое влегло во село Муртино.

Набргу потоа, возачот го напуштил возилото и побегнал, а во возилото биле пронајдени 25 мигранти, од кои 14 од Авганистан, седум од Пакистан и четири од Иран.

За настанот бил известен јавен обвинител и бил извршен увид од екипа од СВР Струмица.

Мигрантите биле задржани во СВР Струмица за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот