Прва проба на „Жива досада“ во МНТ / Фотографија: Кристијан Теодоров

Во МНТ се одржа првата проба на новиот театарски проект „Жива досада“

Првите читачки проби за претставата „Жива досада“, авторски проект на актерките Билјана Јовановска, Изабела Јакимова и Нина Деан, во која играат истите заедно со Гоце Андонов, почнаа на 6 март во Македонскиот народен театар.

Темата на претставата е досадата на децата во денешното време, каде што авторите ги охрабруваат како децата така и родителите да остават да им биде досадно без да ги окупираат со разно-разни обврски, само за да ја избегнат досадата.

Ликовите на децата, Давид и Бојана, кои се претставници на децата на денешното време, во еден момент се среќаваат со дел од ликовите на Недојдија, каде што во одреден момент си ги менуваат местата, со цел да докажат во чие време е подосадно.

Претставата поентира со тоа што ги охрабрува децата да веруваат во магијата на играта, како и да научат да комуницираат вербално помеѓу себе.

Костимограф е Валентина Чонкова, а сценограф е Мартин Манев. Премиерната изведба се очекува кон втората половина на април или на почетокот на мај 2025 година, извести Мила Анѓелковиќ од РСМ НУ Македонски народен театар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот