Во Латвија е најпрофитабилно да се изнајмува недвижен имот, приносот е 8,06, а во Македонија 6 отсто

Фото: Пекселс/andrea-davis

Латвија, Ирска и Италија се на врвот на листата на земји со многу високи просечни приноси за изнајмување во Европа, покажуваат податоците од Глобалниот водич за имот ажуриран во првиот кварталот годинава, пишува Еуроњус.

Со принос од изнајмување од 8,06 отсто, Латвија се рангираше на самиот врв, а доколку останат стабилни, ќе бидат потребни приближно 12 години приход од изнајмување за да се поврати почетната инвестиција во недвижен имот во Латвија. Во Ирска и Италија, потребниот број на години би бил тринаесет и четиринаесет, соодветно. Во Ирска приносот од изнајмување е 7,85 отсто, во Италија – 7,38 отсто, во Романија – 6,63 отсто, во Литванија – 6,44 отсто, во Турција – 6,36 отсто, во Велика Британија – 6,21 отсто, Шпанија – 6,17 отсто, во Македонија – 6 отсто, во Црна Гора – 5,95 отсто. Кога станува збор за големите европски градови, Даблин води со просечен принос на изнајмување од 7,33 проценти. Во тој град двособните станови претставуваат најисплатлива инвестиција, објави Н1.

Инвеститорот треба да вложи 365.000 евра со месечна закупнина од 2.500 евра, што би резултирало со принос до 8,22 отсто. Истанбул и Рига се исто така атрактивни опции со просечни приноси за изнајмување од 6,6 и 6,5 проценти.

Прв меѓу 10-те најлоши европски земји во однос на приносот на изнајмување е Луксембург, кој нуди најнизок принос од 2,67 отсто, е најмалку привлечен за инвеститорите. Двособен стан таму има просечна цена од 1,2 милиони евра. Меѓутоа, со просечна месечна кирија од 2.800 евра, оваа инвестиција дава бруто принос од закупнина од само 2,7 отсто, така што во Луксембург би биле потребни просечни 37 години за инвеститорот да ја врати почетната инвестиција во стан преку кирии, под претпоставка константна се враќа. Следува Швајцарија каде се потребни 33 години за да се врати инвестицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот