Скопскиот дувачки квинтет ќе настапи на 8 септември во Белград

Во КИЦ Белград за Денот на независноста ќе се одржат празничен концерт и ликовна изложба

Македонскиот КИЦ во Белград за 8 Септември, Денот на независноста, организира свечен празничен концерт со еминентни македонски музички уметници и ликовна изложба со десетина современи македонски ликовни уметници.

На 8 септември, во 19 часот, ќе настапи Скопскиот дувачки квинтет во состав: Марија Јакимовска, флејта; Васил Атанасов, обоа; Ристо Ѓоревски, кларинет; Орце Ицковски, фагот; и Александар Гошев, хорна.

На празничната музичка програма ќе бидат исполнети дела од Хајдн („Дивертименто“), Фаркаш (Унгарски танци), Бизе („Кармен“) и грст македонски композиции и обработки од Бранѓолица (Три пиеси), Прокопиев (Суита, „Лабин и Дојрана“), д’Агостини („Суита Македонија“), Смокварски („Тешкото“).

Скопскиот дувачки квинтет е познат македонски музички состав кој постои повеќе од четири децении, бележи забележителни настапи на бројни познати музички сцени, а за својата работа членовите на квинтетот се наградувани со врвни државни музички награди и бројни општински признанија.

На 10 септември, во 19 часот, во просториите на КИЦ Белград, во рамките на одбележувањето на Денот на независноста, во соработка со Националната галерија на Македонија ќе биде отворена и репрезентативна групна изложба од десетина познати современи ликовни уметници, под наслов „Простори на конјункција“, извести д-р Васко Шутаров, директор на КИЦ Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот