Туристи во Скопје / Фото: Методи Здравев - „Слободен печат“

Во јули имало најмногу од Турција, Србија, Полска и Холандија

Во јули годинава во државава се регистрирани 209.932 туристи и 770.733 ноќевања. Во периодот јануари – јули годинава вкупниот број на туристи е зголемен за 10,2 проценти, при што кај странските зголемувањето е 15,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број туристи во јули, 42,1 процент се домашни, а 57,9 проценти се странски. Најмногу странски туристи во јули имало од Турција, 55.129, по што следуваат Србија со 9.898, Полска, 4.304, и Холандија со 3.989.

Бројот на ноќевањата во јули годинава изнесува 770.733, од кои 69,2 проценти се од домашните туристи, а 30,8 проценти од странските туристи.

Во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10.2 проценти, односно кај домашните туристи има намалување за 0.1 процент, а кај странските има зголемување за 15.1 процент.

Во истиот период вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 5.5 проценти, така што кај домашните туристи има намалување за 0.5 проценти, а кај странските за 11.5 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот