Во Јапонија егзекутиран маж кој уби седум луѓе во 2008 година

јапонија Полиција фото МИА

Во Јапонија е егзекутиран Тамохиро Като, кој во 2008 година усмрти седум, а повреди 10 луѓе во Токио.

Като во 2015 година беше осуден на смрт поради што повеќемина избоде со нож.

Тој злосторството го изврши на 25 години и привремено работел во фабрика за автоделови во мал град во централна Јапонија. Непосредно пред да го изврши масакрот во Токио, дознал дека договорот ќе му биде раскинат на крајот на јуни 2008 година. Като на судењето изјавил дека го извршил нападот затоа што се плашел да не стане бездомник.

По масакрот на Като, јапонските власти забранија поседување ножеви подолги од 5,5 сантиметри.

Егзекуцијата на Като е прво погубување од декември во Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот