Во Италија се укинува носењето на маски на отворено, но постои страв од ширење на делта сојот

Фото: EPA-EFE/MOURAD BALTI TOUATI

Италија од утре го укинува задолжителното носење на маски на отворено, но се препорачува да се носат на места каде има многу луѓе, додека останува на сила носењето на маски во затворен простор, пишува агенцијата Анса.

Вишиот институт за здравство, најголемиот државен авторитет, предупредува дека се уште има два милиони и 700.000 лица постари од 60 години, кои не ја примиле ниту првата доза на вакцината.

Како што пишува агенцијата, постои загриженост од ширењето на делта сојот на вирусот, кој во Италија порасна за четири пати во последниот месец.

Премиерот Марио Драги на прес-конференција изјави дека таа процена е веројатно потценета, бидејќи во Италија, за разлика од другите европски држави, малку се утврдува со која сорта на вирусот некое лице е заразено.

Професорката на универзтитетот во Падова, имунологот Антонела Виола, советува на одмор да одат само оние кои ги примиле двете дози на вакцината, бидејќи делта сојот на вирусот, како што тврди, помалку реагира на антитела, па оние кои ја примиле само едната доза на вакцината, можат не само да се заразат, туку и да се разболат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот