Во Иран од денеска уште построги казни за жените кои не носат хиџаб

Иранскиот парламент денеска гласаше за зголемување на казните за жените кои одбиваат да ја покријат косата со марама – „хиџаб“ и за оние кои ги поддржуваат во тоа.

Измените на законот беа усвоени неколку дена по годишнината од смртта на 22-годишната Маша Амини, која беше уапсена од моралната полиција затоа што и наѕираше косата под шамијата, со што го прекршила строгиот исламски закон за женска облека. Нејзината смрт во притвор, предизвика повеќемесечни протести во Иран и ширум светот.

За време на демонстрациите за смртта на Маша Амини, беа убиени повеќе од 500 демонстранти, а 22.000 беа уапсени.

Законот денеска е изменет со 70 одредби, а казните сега важат и за сопствениците на продавници доколку им служат на жените кои не носат шамии и на организаторите на протести против носењето „хиџаб“.

На прекршителите им се заканува казна до 10 години доколку се организира прекршување на носењето хиџаб.

Во Собранието со 290 пратенички места, за измени на законот гласаа 152 пратеници, а регулативата треба да ја одобри Советот на чувари – свештено тело за уставен надзор. Доколку стапи во сила, законот ќе се применува прелиминарно три години.

Жените сепак пркосно избегнуваат да носат хиџаб, па летото започна кампања против ваквиот закон.

Иранските свештенички лидери сметаат дека кодексот на облекување е клучен столб на нивното владеење и ги обвинуваат западните земји за демонстрациите што длабоко ја потресоа Исламската Република.

Демонстрантите тврдат дека биле мотивирани не само од гневот поради кодексот на облекување, туку и од корупцијата и лошото управување со земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот