Во Холандија запленети речиси три тони кокаин

Фото: Shutterstock Editorial / Profimedia

Холандската полиција заплени речиси три тони кокаин и 11,3 милиони евра во готово.

Дрогата била запленета кога полицијата влегла во фарма во близина на Амстердам, а тоа е една од најголемите заплени на дрога, соопшти денеска полицијата.

Кокаинот, со проценета улична вредност од 195 милиони евра, бил скриен во блокови во зграда на околу 20 километри јужно од холандската престолнина и во возила.

„Полицијата, за време на рацијата извршена минатиот четврток, открила и шест пиштоли, придушувачи, муниција, како и луксузни предмети и машини за броење пари”, се вели во соопштението на полицијата во Амстердам.

Двајца мажи, на возраст од 54 и 29 години, се уапсени под сомнение за вмешаност во трговија со дрога од големи размери.

Тие се појавија пред истражен судија во понеделникот и одреден им е притвор од 14 дена додека трае истрагата.

Холандија, со своето главно меѓународно пристаниште во Ротердам, е клучен влез за дрога во Европа, која претежно се испорачува од Јужна Америка. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот