Во Хаг денеска продолжува судењето на водачите на ОВК

Фото: EPA-EFE/Koen van Weel/Pool

Судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадрије Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими ќе продолжи денеска во Хаг со сослушување на сведоците од Специјализираното обвинителство, јавуваат Репортери.
Досега се сослушани тројца сведоци на обвинителството кои сведочеа под заштитни мерки, а сослушувањето на сведоците се одвива на затворени седници.

За месец мај се планирани десет рочишта.

На 17 април, судскиот совет им го продолжи притворот на Тачи и на уште тројца обвинети бидејќи, според оценката на судот, се уште постои опасност тие да го попречат текот на судскиот процес.

Судењето на поранешните водачи на ОВК започна на 3 април со воведните изјави на партиите, а Тачи, Весели, Селими и Красниќи пред поротата се изјаснија за невини по обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Тие се во притворот во Хаг од ноември 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот