Во гостиварско пронајдена рачна бомба од Втората светска војна

Рачна бомба, Фото: МИА

Рачна бомба која датира од Втората светска војна била пронајдена во гостиварското село Горна Бањица.

„На 21.11.2023 во 16.40 часот во СВР Тетово е пријавено дека во близина на фудбалскиот стадион во гостиварска Горна Бањица е пронајдена рачна бомба од италијанско производство, која потекнува од Втората светска војна“, информираат од МВР.

Бомбата била подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот